Отстранети оштетувања на мозокот кај 2-годишна жртва од давење

Доктори од САД за прв пат успеале да отстранат оштетувања на мозокот со третирање на удавено па реанимирано 2-годишно девојче со комбинација на терапии со кислород.

По давењето во базен со студена вода (во кој поминала 15минути), жртвата доживеала срцев удар, а по нејзиното третирање со хибербарична терапија со кислород и нормобаричен кислород имала значително подобрување и многу од симптомите биле отстранети.

По реанимацијата, магнетната резонанца покажала дека детето доживеало церебрална атрофија со губиток на бела и сива мозочна материја, како и со повреди на длабоката сива материја. Кога била пуштена од болница, таа не можела да зборува, не реагирала на командите и постојано се грчела и ја тресела главата.

За да се спречи перманентна дегенерација на ткивото, Др. Пол Харч, директорот по хипербарична медицина во медицинската школа при државниот универзитет во Луизијана, започнал делумен третман. Педесет и пет дена по давењето, пациентот ги започнал дневните кратки третмани со 100% нормобаричен кислород (со притисок како кислородот на нулта надморска височина).

Со овие третмани, детето било будно и свесно за опкружувањето, па дури и прекинало да се грчи. Се појавиле и невролошки подобрувања окарактеризирани со смеење, следење на движења со очите, зголемена раздвиженост на рацете и дланките, парцијално орално хранење и зборување со кратки реченици (на ниво како и пред давењето), но со малку помал вокабулар.

Седумдесет и осум дена по давењето, започнале 40 сесии (во период од 8 недели) со хипербаричен кислород. На почетокот на секоја сесија, биле забележливи невролошките подобрувања на детето, а според мајката, освен послабата координираност дете било „скоро нормално“ по само 10 вакви сесии, по кои тимот доктори започнал и со физикална терапија. По 162 дена од давењето и последната сесија во хипербаричната комора, детето имало скоро потполно отстранување на белата материја и кортикалната атрофија.

Кои биле причините за ваквото подобрување?

Мозокот на младо дете кое сè уште расте е средина полна со хормони кои опстануваат во средина богата со кислород. Околината богата со нормобаричен и хипербаричен кислород ги активира гените кои овозможуваат опстанок на клетките и ја намалуваат воспаленоста.

Во случајов, повторното израснување на мозочното ткиво се случило бидејќи било интервенирано пред да се случи негова долгорочна дегенерација, а ваквите медицински третмани со низок ризик би можеле да имаат значителен ефект на обновување на функцијата на сличните пациенти со невролошки повреди од давење.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...