Жена со дополнителни клетки во окото гледа повеќе бои

По повеќе од 25 години потрага, невролози од Велика Британија откриле жена која има дополнителни „конусни“ клетки во очите – од типот на рецептори кои детектираат бои.

Тоа значи дека може да гледа неверојатни 99 милиони бои повеќе од нас, а научниците веруваат дека е една од малкуте луѓе со супер-визија кои тие ги нарекуваат „тетрахромати“. Повеќето луѓе се трихромати, што значи дека имаме три вида на такви клетки во очите.

Секоја од овие видови клетки може да разликува околу 100 нијанси, па кога ќе се земат в предвид сите возможни комбинации кои трите вида ги создаваат, тоа значи дека може да разликуваме околу 1 милион различни бои. Повеќето далтонисти имаат два функционирачки вида од овие клетки и гледаат околу 10 000 нијанси. Повеќето цицачи, како кучињата и мајмуните, се исто така дихромати.

Идејата за постоење на тетрахромати за прв пат била сугерирана во 1948-ма од холандски научник кој открил интересен факт за очите на далтонистите.

Додека мажите имале две нормални конусни клетки и една мутирана која била помалку чувствителна на црвена или зелена светлина, нивните мајки и ќерки имале една мутирана и три нормални – што значи дека имале 4 вида на конусни клетки, иако само 3 функционирале нормално.

Никој не обрнувал многу внимание на ова откритие, сè додека во доцните 80-ти, Џон Молон од Универзитетот Кембриџ почнал потрага по жените кои можеби имаат 4 функционирачки конусни клетки, бидејќи пресметките покажале дека 12% од женската популација во светот се можеби тетрахромати.

Но, сите негови тестови покажале дека жените со 4 конусни клетки можат да ги гледаат истите бои како сите нас – што значи дека само 3 биле функционални.

Во 2007-ма, неврологот Габриел Џордан од Њјукасал Универзитетот кој претходно работел со Молон, решил да користи различени тестови во потрага по оваа супер-визија. Зел 25 жени кои имале 4 конусни клетки, и ги ставил во темна соба, каде гледале во светлосен уред кој прикажувал 3 обоени круга. За трихтомат, тие изгледале идентично, но вистински тетрахромат би бил способен да ги разликува – што се случило кај една од тестираните жени со шифрирано име cDa29.

За жал, повеќето вистински тетрахромати никогаш нема да имаат потреба да ја искористат 4-тата конусна клетка и нема да сфатат дека имаат специјална визија, бидејќи скоро сите обоени предмети се произведени така да боите можат да ги видат трихтомати и се ограничени.

Истражувањата врз cDa29 сè уште не се рецензирани и објавени, а Џордан го и понатаму е во потрага по уште тетрахромати. Резултатите од овој cDa29 треба да се реплицираат и верифицираат, а доколку дефинитивно се потврди постоењето на вистинските тетрахромати, тоа не само што ќе не научи повеќе за човечките сетила, туку и ќе им помогне на научниците да создадат подобри уреди со вештачки сетила кои ќе ни овозможат да осознаеме многу повеќе за функционирањето на видот.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...