Заздравување на оштетено ткиво со еден допир

Во научната фантастика често се спомнува или прикажува технологија способна да заздравува рани и повреди скоро инстантно, која е присутна во медицинските простории на секој меѓуѕвезден брод.

Сега, истражувачите од Векснер медицинскиот центар и државниот универзитет во Охајо развиле уред со слична функција – способен да заздравува органи со еден допир.

Чипот се поставува на површината на кожата, каде користи технологија наречена „ткивна нанотрансфекција” за да внесе одреден генетички код во кожните клетки кои ги претвораат во вид на клетки потребни за третирање на одредена повреда или состојба. Со пуштање на слаб електрицитет, ДНК-то или РНК-то се инјектира во клетките кои потоа се биолошки репрограмирани да морфираат во клетки од друг вид.

Целиот процес трае дел од секунда – потребно е само да се допре чипот до повредената област и потоа да се отстрани од таму.

Уредот претставува нов пристап во генетската терапија и клеточното репрограмирање кое е релативно неинвазивно. Со серија тестови, била демонстрирана неговата ефикасност. На пример, кога бил аплициран врз повредена нога на глушец, значително го подобрил крвотокот во неа така што кожните клетки биле репрограмирани да станат васкуларни клетки, што предизвикало формирање на нови активни крвни садови во период од 2 недели. До 3-тата недела, нозете веќе биле потполно заздравени. Да е уште подобро, уредот функционира на било каков вид на ткиво, а не само на кожата.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...