Откриен витаминот кој го спречува спонтаниот абортус и недостатоците на плодот

Научниците велат дека конечно го откриле најголемото откритие во областа на бременоста и плодот. Австралиските научници истражувале 12 години зошто некои деца се раѓаат со маана на срцето, бубрезите или половината.



Откриле дека витаминот В3, кој го има во зеленчукот и месото, може да ги излечи молекуларните недостатоци кои го запираат растот на органите на ембрионот, како и да придонесат правилно да се развива во матката.

- Преку ова откритие постојат големи шанси да се намали бројот на спонтани абортуси и вродени маани кај бебињата ширум светот, изјави биомедицинскиот истражувач, професорката Сели Данвуди од институтот „Victor Chang“ во Сиднеј.

Секоја четврта жена во просек доживува спонтан абортус, додека годишно се раѓаат околу 8 милиони бебиња со сериозни вродени маани.

Секоја година умираат околу 3,3 милиони деца до пет години токму поради мааните, најмногу срцеви, од кои заболува секое стото дете.



Нивните истражувања покажаа дека додавањето на витамин В3 во прехраната на бремените глувци целосно ги спречува спонтаните абортуси и недостатоците кај плодот, а бебињата се раѓале совршено здрави. Истражувачите велат дека следниот чекор е да развијат тест преку кој ќе идентификува кои жени се под најголем ризик да имаат бебе со вродена маана и притоа да им се обезбеди доволна количина на витамин В3.

- Веруваме дека ова е големо откритие и сигурно ќе биде едно од најголемите австралиски медицински достигнувања. Многу е ретко да се пронајде проблемот и да се даде решението во исто време. Тоа е всушност двојно откритие, изјави професорот Роберт Грејем, извршен директор на институтот каде што е спроведено истражувањето.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...