Моќен лек против болка би можел да ги замени опиоидите

Истражувачите развиле нова класа на лек против болка кој делува врз скриена нервна патека и кој дејствува скоро идентично како и другите опиоидни алтернативи, а доволна е мала доза за ефектот од него да трае подолг период.

Научници од универзитетот во Тексас идентификувале група на молекули кои се спојуваат со пар нервни рецептори, од кои едниот до скоро бил мистерија.

Рецептор протеинот сигма-1 (σ1R) бил препознаен како потенцијална цел за мноштво терапевтски медикаменти повеќе од една декада, со разни лекови кои го блокирале или активирале овој важен рецептор на мембраните во нервните клетки.

Но, „сестринскиот“ рецептор наречен сигма-2 (σ2R) до сега бил мистериозен. Откриен пред околу 25год., дури оваа година истражувачи објавиле детали во врска со генот кој го кодирал протеинот, официјално идентификувајќи го рецепторот како трансмембрански протеин 97 (Tmem97).

σ1R и σ2R/Tmem97 се сметале се кандидати за нервни патеки кои би можеле да бидат експлоатирани за третирање на болка предизвикана од оштетени нерви, состојба позната како невропатија.

За оние кои страдаат од хронични болки, изборот на лекови е ограничен - опиоидите функционираат, но нивните дози со тек на времето мора да се зголемуваат за да се постигне истиот ефект кој го имале во почетокот, а многу луѓе се и алергични на оваа фамилија лекови.

Не-опиоиден лек наречен габапентин (кој се продава под брендот Неуронтин) често се користи за третирање на невропатијата. Додека неговиот механизам на функционирање не е најјасен, се смета дека влијае на регулацијата на невротрансмитерот GABA (гама-аминобутирична киселина)

Oд состојките истражувани во последнава студија, три кои го активирале рецепторот σ2R/Tmem97 ја намалувале болката кај глувците кои ја имале во рбетниот нерв.

Една од состојките е наречена UKH-1114 ги намалувала болките при една шестина од дозата на габапентинот, а врвот на ефективноста го постигнала за 48 часа, наместо да трае само 4 до 6 часа како другите лекови.

Потребни се дополнителни клинички испитувања за да се утврдат точните дози, ефективноста и потенцијалните несакани последици кај луѓето, но првичните резултати ветуваат многу.

Доколку ваквите видови на лекови против болки се појават на пазарот, ќе видиме сосема нова фамилија медикаменти кои ќе им помогнат на оние кои живеат со силни болки и ризик од зависност од опиоиди.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...