Криогенски замрзната жена во Кина

Криониката е процес на замрзнување на мртво тело (или само мозок) со надеж дека еден ден ќе може да се оживее.

Оваа метода е субјект на сериозни научни истражувања и студии, како и на разни псевдонаучни и митолошки приказни. Во врска со неа има и многу шпекулации, како невистинитите гласини дека Волт Дизни е замрзнат, кои фрлаат шпекулативна сенка на ова поле на криониката.

Сега, за прв пат, во Кина една жена е криогенски замрзната. Таа починала на 49 годишна возраст од рак на белите дробови, а нејзиниот сопруг ја пријавил како доброволец за криогенската процедура. И двајцата сакале нејзиното тело да го донираат на науката, а тој ја предложил идејата за замрзнување.

Процедурата бил комплетирана во Yinfeng Biological Group во Јинан, а се состоела од потопување на нејзиното тело со главата надолу во 2000 литри течен азот. Овој проект бил колаборација помеѓу Yinfeng Biological Group, Шандонг Универзитетот при болницата Куилу, и консултанти од Alcor Life Extension Foundation, непрофитна криогенска компанија од САД.

Останува прашањето, колку е научно возможен еден ваков проект? Дали се работи само за експеримент со кој подобро можеме да ја се запознаеме со човечката биологија, или оваа процедура еден ден навистина може да биде изводлива и ефективна?

Во криониката, сè е во правилниот тајминг. Телата на починатите треба да се замрзнат веднаш штом срцето престане да чука, иако поимот „замрзнување“ е малку погрешен термин за процедурата. Криогенското замрзнување го избегнува формирањето на кристални формации кои ги оштетуваат клетките на ткивата. Затоа, се користи хемиски коктел од презервативи како глицерот или пропандиол, како и антифриз агенти кои го одржуваат телото во стабилна состојба за да не се распаѓа и да претрпува оштетувања додека се чува на ниски температури долг временски период.

Целта на криогенската конзервација е еден ден телата да се одмрзнат и реанимираат на целуларно ниво – без премногу епигенетски промени.

Со сегашното знаење и технологија, овој процес на целосно оживување сè уште не е возможен – што не значи дека со напредувањето на технологија тоа еден ден нема навистина да биде остварливо.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Студенка по медицина полага
испит.
-Колешке,во тестисите на
мажите колкаво количество спер-
ма има?
По кратко размислување.
-Паа,голтка -голтка ипол!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на бабите, празник...
1472.- Роден е италијанскиот сликар Бартоломео...
1483.- Во Урбино е роден Рафаело Санти,...
1749.- Во Бомон ан Ож е роден Пјер Симон Лаплас,...