Третман за алергија на кикирики ефективен и по 4 години

Нови резултати од клинички тестови врз деца со алергија на кикирики демонстрираат дека можеби е возможно да се постигне постојана толеранција за луѓето со оваа состојба.

Истражувачите веќе имаат направено прогрес во третирањето на овие алергии со орална имунотерапија, што всушност значи јадење на малечки количини на алергенот сè додека имунолошкиот систем не се десентизира. За жал, овој пристап не обезбедува долготрајни резултати, и алергијата најчесто повторно се појавува штом терапијата се запре.

За да откријат дали од имунотерапијата може да се постигне долгорочен ефект, тим истражувачи употребил нова стратегија – спојување со алергенот на кикирики со пробиотик кој на имунолошкиот систем му дава дополнителен поттик да прекине да ги третира кикириките како „непријател“.

Пробиотикот наречен Lactobacillus rhamnosus се наоѓа во јогуртот, иако истражувачите користеле далеку поконцентрирана доза, адекватна на онаа која би ја внеле доколку би испиле околу 20кг. јогурт дневно.

Иницијалните резултати од тестирањето биле објавени во 2015-та, покажувајќи дека по една година 82% од партиципантите (23 од 28 деца) третирани со оваа комбинирана терапија можеле да јадат кикирики без последици.

Сега, новите податоци носат охрабрувачки резултати. Истражувачите не успеале да ги следат сите учесници во студијата, но 4 години по последното примање на третманот, 16 од 24 деца сè уште немаат последици кога јадат кикирики.

Ова покажало дека комбинацијата со алергенот и пробиотиок навистина може да го смени однесувањето на имунолошкиот систем кон кикириките.

Порано годинава, националниот здравствен институт на САД ги ажурирал упатствата за хранење на мали деца со кикирики, и наместо да се избегнува давање кикирики рано во животот, сега родителите се советуваат на децата (особено оние кои веќе имаат алергија на јајце или егзезма на кожата) да им даваат храна која содржи кикирики почнувајќи уште од 4 годишна возраст. На овој начин може да се спречи развивањето на алергија на овие плодови понатаму во животот.

Резултатите од оваа последна студија не само што покажуваат дека стануваме подобри во превенција на алергиите, туку и дека сме на пат за конечно да имаме долготраен третман.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...