Чекор поблиску до искоренување на обичната настинка

Научниците дошле до ново откритие во потрагата по лек за искоренување на обичната настинка еднаш засекогаш, а се работи за вообичаена биохемикалија која ја имаат луѓето и некои животни.

Тим научници од Единбург Непер универзитетот 5 години истражувале хемикалии кои имале антимикробни ефекти, поточно оние способни да се борат против риновирусот – најчестиот вирусен инфективен агенс кај луѓето и причината за обичната настинка.

Фокус на нивната работа биле пептидите, за кои со претходно истражување на истиот тим било утврдено дека го спречуваат ширењето на „инфлуенца А“ вирусот, како и дека овие биохемикалии можат да ја подобрат отпорноста кон инфекции од т.н „супербубачки“ кај животните.

Базирајќи ги нивните дизајни според одредени пептиди кои ги има кај овците и свињите, тимот синтетизирал сопствени пептиди компатибилни со човечките клетки. Потоа, нив ги тестирале против риновирусот и било заклучено дека не само што ја блокирале неговата патека во организмот, туку и физички го напаѓале пред и по инфицирањето.

Иако ова е само доказ дека концептот функционира, клиничките тестирања се сè уште далеку.

Вреди да се спомене дека постојат околу 99 вида на човечки риновируси, сите со различни патологии, а оваа студија го истражува влијанието на пептидите само на една од нив – руновирусната нишка 1B(RV1B).

Сите човечки риновируси се слични меѓу себе, па така постои голема шанса дека истата метода ќе функционира и кај останатите – што секако треба дополнително да се истражи.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...