Мини органи за третирање на разни болести

Во Холандија, Елс ван дер Хејден живеела над 50 години со цистична фиброза (ЦФ), но не дозволила тоа да ја спречи во завршувањето факултет и започнувањето на кариера во консалтингот. И покрај нејзината издржливост, таа го опишала живеењето со ЦФ како живеење со „темен облак кој е постојано над главата“.

Ова било пред да прочита за детето со име Фабијан чиј живот бил спасен со мини-орган израснат од мало парче ткиво од дебелото црево (еден од неколкуте органи зафатени од ЦФ)

Oвој органоит, односно лабораториски израснатиот мини-орган не бил имплантиран во Фабијан, туку бил искористен за врз него да се тестира лекот ivacaftor (Kalydeco). Бидејќи болеста на Фабијан била предизвикана од ретка мутација, опциите за третмани не биле очигледни – но тестовите покажале дека лекот е екстремно ефективен, и по тестирањето тој безбедно можел да го зема.

По ова откритие и Хејден побарала од нејзините доктори да и креираат ваков мини-стомак врз кој би биле тестирани лекови, а резултатот бил сличен како кај Фабијан – тестовите биле успешни и таа почнала да зема лек кој значително и помага.

Оваа чудна медицинска пракса која спасува животи била развиена во лабораторијата на Ханс Клеверс. Тој овозможил креирање на органоиди од стомакот, панкреасот, црниот дроб, па дури и мозокот. Органоиди биле креирани и од клетки од тумор – процес каде научниците ги мутираат органоидите направени од здраво ткиво, со тоа овозможувајќи им да го студираат напредокот на канцерот.

Според мислењата на научниците, органоидите можат да ја револуционизираат терапијата за многу сериозни болести.

Тие се креирани од инкубирани ткивни примероци и можат да се користат за „поправање“ на ткиво, тестирање на лекови, тестирање на токсичност, студирање на микробска интеракција, разни инфекции како и студирање на развивањето и прогресијата на разни канцери.

Ефективноста на органоидите особено се покажува кај пациентите со невообичаени и ретки мутации, бидејќи се направени од самото нивно ткиво и едноставно не е возможно при тестирањето лекот да функционира кај органоидот а не и кај пациентот.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Студенка по медицина полага
испит.
-Колешке,во тестисите на
мажите колкаво количество спер-
ма има?
По кратко размислување.
-Паа,голтка -голтка ипол!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на бабите, празник...
1472.- Роден е италијанскиот сликар Бартоломео...
1483.- Во Урбино е роден Рафаело Санти,...
1749.- Во Бомон ан Ож е роден Пјер Симон Лаплас,...