НАПРЕДОК ВО ТЕХНОЛОГИЈАТА

Нова камера дава совршен поглед во внатрешноста на човечкото тело

Медицинските техники за снимање на внатрешноста нашите тела се значително напреднати, но изгледа дека во иднина докторите ќе можат да видат апсолутно сè што се случува под нашата кожа.

Истражувачи создале нов вид на камера со помош на која совршено може да се гледа низ структурите во човечкото тело, детектирајќи извори на светлина зад 20 сантиметри дебело ткиво.

Прототипот на оваа камера е развиен од истражувачи од универзитетот во Единбург и е дизајниран да работи заедно со ендоскопи – долги тенки инструменти опремени со камера, сензори и извор на светлина, наменети за набљудување на шуплините во човечкото тело.

Ендоскопите се вредни алатки за полно медицински процедури, но досега било тешко екстерно да се потврди каде точно во телото гледа инструментот, без за тоа да бидат потребни рендгенски скенови.

Со оваа камера тоа повеќе нема да претставува проблем, бидејќи таа е способна да детектира извори на светлина внатре во телото, како што е осветлениот врв на ендоскопската цевка.

Благодарејќи на илјадниците интегрирани детектори на фотони внатре во уредот, тој може да детектира индивидуални честички светлина кои поминуваат низ човечкото ткиво. Кога фотоните доаѓаат во контакт со телесните структури, светлината обично се распрскува или одбива од ткивото, но чувствителната камера ги забележува и тие малечки траги светлина кои успеваат да се протнат.

Сè уште не е познато кога може да се очекува ваквиот тип на камери да се користат во секојдневните клинички третмани, но како и да е се работи за значаен напредок на овој вид на технологија.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Жена чека пред телефонска говорница да заврши човекот пред неа, меѓутоа поминуваат 10 минути, а тој не само што не отстапува, туку само седи со слушалката на уво и ништо не...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Во западните делови од државата, на повисоките места се бележат врнежи од снег, но...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на книгата и авторското...
1564.- Во Стратфорд е роден Вилијам Шекспир,...
1616.- Во Мадрид умре Мигуел де Сервантес,...
1792.- Создадена е француската химна "Марселеза"...