Природната селекција сè уште ги елиминира лошите гени кај луѓето

Гените асоцирани со Алцхајмеровата болест и пушењето помалку преовладуваат кај луѓето со подолг животен век, сугерирајќи дека природната селекција сè уште го обликува човечкиот вид.

Во масивна геномна студија која опфаќала 170 00 луѓе од Британија и САД, истражувачите идентификувале мноштво индивидуални гени и сетови на гени кои покажувале како нашиот геном бавно еволуирал од една до друга генерација.

Истражувачите од универзитетот Колумбија, центарот за геном во Њујорк и универзитетот Кембриџ решиле да остварат една амбициозна цел – директно да го измерат човечкиот еволутивен фитнес.

Така на пример, во последните 20 000 години, промените во исхраната резултирале со адаптирање на голем дел од населението да ја толерираат шеќерната лактоза.

Пред 10 000 години, промените во HERC2 генот ја предизвикале појавата на сините очи кај луѓето, а скорешното преселување и живеење во градови резултирало со гени кои го намалуваат ризикот од заболување од болести како туберкулозата или лепрата.

Всушност, истражувањата сугерираат дека во изминатите 40 000 години еволуцијата на Хомо сапиенсот не само што продолжила, туку и забрзала.

Тимот истражувачи искомбинирал податоци од 57 696 индивидуи од претходна студија за генетска епидемиологија со детали за 117 648 родители на партиципанти од UK Biobank, по што биле пронајдени генетски докази дека природната селекција сè уште се случува и кај модерната човечка популација.

Еден пример за тоа е фреквентноста на мутацијата на генот CHRNA3, кој енкодира за подединица на никотинскиот ацетилхолински рецептор.

Истражувањето покажало дека тој се помалку се наоѓал кај средновечните мажи, индицирајќи дека посилната зависност од никотин сè повеќе се елиминира од глобалната популација.

Уште една генетска варијација која сè помалку се среќава е ApoE ε4, која енкодира тип на протеин кој пренесува холестерол и подржува поправка на повреди во мозокот.

Носителите на оваа варијација на протеинот имаат поголеми шанси за развивање на Алцхајмеровата болест, а студијата покажала значително намалување на присуството на овој ген кај жените над 70 годишна возраст.

Кога станува збор за природната селекција, луѓето се сè уште далеку од тоа самите да ја контролираат нивната генетска судбина.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Седат Буш и Пауел во кафич и прават муабет. Влегува човек во кафичот, ги гледа двајцава и не му се верува дека се таму. И приоѓа на маса и ги прашува:
- Абе, вие Буш и Пауел...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1533.- Роден е холандскиот државник Вилхелм I...
1731.- Умре англискиот писател Даниел Дефо, кој...
1815.- Роден е англискиот писател Ентони Тролоп...
1854.- Врховниот суд на САД донесе пресуда дека...