Лепенка растопува телесни маснотии

Истражувачи од универзитетот Колумбија и оној во Северна Каролина развиле лепенка за кожа која ефективно ги растопува телесните маснотии.

Оваа лековита лепенка користи низа од микро-игли кои навлегуваат во кожата и испорачуваат наночестички од лекови во телото и иако сè уште не е тестирана врз луѓе, експериментите врз глувци покажале дека го редуцира масното ткиво за 20% на местата каде што била залепена.

Начинот на кој што функционира е поврзан со начинот на кој што нашите тела ги складираат маснотиите, а тоа е во два вида на масни клетки: бела и кафена маст.

Кафената маст се смета за „добра маст“ бидејќи кога се разложува создава топлина и неа ја имаат новороденчињата на кои им помага за регулирање на телесната температура.

За жал, возрасните немаат многу од оваа маст туку најголемиот дел е белата, која се користи за долгорочно складирање на енергија, но не се согорува и растопува лесно.

Голем број на досегашни студии покажале успех во активирање на трансформацијата на белата во кафена маст, но од здравствена гледна точка тука постои голем проблем. Сите такви лекови се во вид на пилули или инјекции, и го изложуваат целото тело на лекот, што може да доведе до проблеми во стомакот, зголемување на тежината, и фрактури на коски. Новата лепенка ги заобиколува сите овие проблеми и ги испорачува лековите директно во масното ткиво.

За потребите на истражувањето биле користени два разни лека – росиглитазон (т.е Авандиа) и хемикалија наречена CL316243 за која претходно било докажано дека ја претвора белата маст во кафена кај глувците.

Прво, лековите се сместуваат во наночестички со дијаметар од околу 250 нанометри – колку за споредба, човечкото влакно е широко околу 100 000 нанометри.

Потоа, овие наночестички се вметнати во лепенката, и кога микро-иглите безболно ќе навлезат во кожата, тие се испорачуваат директно во ткивото под неа, каде што се разложуваат.

Во експериментите врз глувци со преголема тежина, лепенките биле поставувани на секои 3 дена во период од 4 недели, а резултатите покажале дека тоа резултирало со намалување на масното ткиво во регионите под лепенката и тоа до 20%.

Тимот истражувачи моментално истражува кој лек или комбинација од лекови најдобро би функционирале во овој случај, по можност да го надминат и онака импресивниот процент на редукција од 20%.

Доколку ваква лепенка се развие и функционира за употреба од луѓето, би можела да обезбеди безбеден и ефективен начин за третирање на преголемата тежина и метаболичките преметувања поврзани со неа, како што е дијабетесот.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...