Тест за крв со звучни бранови

Истражувачи развиле нов начин за дијагностицирање на сериозни медицински состојби (како фетални абнормалности или рак) со пресретнување на ексозоми, малечки везикули кои пренесуваат RNA, протеини и останати важни клеточни молекули низ телото.

Тимот вклучувал истражувачи од MIT, универзитетот Дјук, сингапурскиот технолошки универзитет и Magee – институтот за женски истражувања,  и успеал да ги изолира ексозомите од крвта со помош на звучни бранови и микрофлуидика, а има намера оваа технологија да ја претвори во пренослив уред. Ова би овoзможило брзо анализирање на крвната слика, елиминирајќи ја потребата од центрифуга, што се користи при сегашните анализирања.

Претходни истражувања откриле дека содржината на ексозомите функционира како маркер за пореметувањата како што се болестите на бубрезите, невродегенеративни болести, и ракoт. Досега, тие можеле да бидат изолирани само со центрифугирање со голема брзина, процес кој бара големи и скапи машини и кој трае скоро 24 часа.

Тимот во претходна студија успеал да изолира ретки клетки од тумор од примерок од крв со помош на звучни бранови, кога крвта течела низ малечок канал. Оваа техника е понежна од останатите техники за сортирање на клетки бидејќи не ги оштетува физички и не побарува нивно обележување со хемикалии. Во новата студија, целта на тимот била да се искористи истата техника за да се „заробат“ ексозомите.

Оригиналниот акустичен уред за сортирање на клетки се состоел од два акустични трансдуцери и еден микрофлуиден канал, а новиот бил направен од два вакви уреди во тандем.  Како што примерокот крв се движел низ првиот уред, звучните бранови ги одвојувале клетките и тромбоцитите, а кога влегувал во вториот уред, звучните бранови со висока фреквенција ги издвојувале ексозомите од екстрацелуларните везикули. Целиот овој процес траел помалку од 25 минути за да се процесира неразреден примерок крв од 100 микролитри.

Истражувачите се надеваат дека оваа технологија ќе може да се користи за т.н „течна биопсија“, со која што ќе може да се анализира физиологијата и здравјето на органите до кои пристапот е тежок, како на пример плацентата за време на бременоста.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...