Лечење коски со парчиња од туѓи коски

Некогаш, единствениот начин да се залечи скршеница е да се користат хируршки завртки кои коската ја држат прицврстена додека заздравува.

Но, ставањето на парче метал во телото може да доведе до разни компликации. Поради тоа, хирурзите создале нов вид на завртка која е изработена од човечка коска, и веќе се користи во неколку болници.

Типичните хируршки завртки се направени или од нерѓосувачки челик, или од титаниум, и во комбинација со метални плочки се користат за стабилизирање на одредени скршеници, особено доколку скршените коски се наоѓаат во стапалото или зглобовите.

Процедурата може да доведе до компликации – телото може да се обиде да го отфрли туѓиот објект, предизвикувајќи воспаленија и болка, пациентот може да има алергиска реакција на металот, а може и да се појави бактериска инфекција во коската.

Најлошо е тоа што ваквиот вид на „ортопедски хардвер“ понекогаш мора да се отстрани откога коската е заздравена, што значи ќе биде потребна уште една хируршка процедура.

Новата завртка е наречена Shark Screw и е направена од супер-цврстиот среден слој на коската од бедрото или бутот, која е најсилната, најтешката и најдолгата коска во човечкото тело, а изворот на коските се оние кои одбрале нивното тело по смртта да биде донирано на медицината – продецура која освен искористувањето на органите ги вклучува и коските.

За разлика од металните, овие коскени завртки нема потреба да се отстранат од телото, бидејќи по околу 6 недели тие се спојуваат со коскеното ткиво на пациентот, значително намалувајќи го потенцијалот за инфекција или отфрлување од организмот. Според истражувачкиот тим, по една година трансплантот веќе не може да биде детектиран ни со рентген.

Моментално, Shark Screw завртката ја произведува стартап компанијата Surgebright, а се работи на развивање на специјализирани завртки за операциите на стапало и вилица (каде што тие мора да се малечки, 20мм во просек).



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...