Нова технологија за повеќе вакцини во една

Никој не ужива во примањето инјекции, особено кога е потребно да се примат повеќе од една. Моментално, не постои начин да се избегнат дополнителни боцкања кога се работи за алергии, дијабетес и сл. Сепак,  наскоро тоа може да се промени со новата технологија која се развива од страна на истражувачите од MIT, со која ќе може да се примат повеќе дози на лекови со само една инјекција.

Истражувачите измислиле нова метода за 3D фабрикација, инспирирана од производствениот процес за компјутерските чипови, која развива честички кои го носат лекот во облик на чашки. Честичките се направени од биокомпактибилен полимер наречен PLGA, кој е одобрен од FDA и е дизајниран да се распаѓа во различни интервали за да ги ослободува дозите лекови во различно време.

Во лабораториските тестови врз глувци, успешно биле испорачани лекови во интервали од 9, 29 и 41 ден после инјекцијата.

Истражувачите очекуваат оваа метода да биде исклучително корисна во земјите во развивање, кои имаат ограничен пристап кон вакцините, кои треба да се примаат неколку пати за да правилно се развие имунитетот према одреден патоген.

Сега, предизвикот е да се пронајде начин сите овие вакцини да се стабилизираат во телото на повисоки температури, бидејќи вообичаено тие се чуваат во фрижидери.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...