Еден од најсмртоносните отрови може да се користи за третирање болести

Биохемичари од националниот институот за стандарди и технологија студирале компоненти од отровот на т.н „конусни полжави“, во надеж дека ќе откријат состојка која ќе им помогне во лечење болести.

Веќе се објавени трудови во врска со еден ензим од отровот кој може да се искористи за кршење на клеточните ѕидови за испорака на лекови, како и со друг кој може да доведе до нов третман за Паркинсоновата болест. Била откриена и врста на инсулин од овие полжави кој е можеби уште помоќен од човечкиот.

Биохемичарката Френк Мари ги истражува овие морски животни веќе 15 години во нејзината лабораторија во Чарлстон, Јужна Каролина, а аквариумите во кои ги одгледува ги нарекува „фарми“, бидејќи полжавите ги смета за во основа припитомена стока – нешто како „малечки крави“ од кои се „молзе“ отровот еднаш неделно

На „фармата“ таа има околу 60 примероци од 10 разни врсти, а фокусот на нејзините последни истражувања се оние со виолетов конус,  наречени Conus purpurascens.

Иако оваа врста на полжав е меѓу најбавните во океаните, неговиот отров делува брзо и со негова помош ја парализира жртвата која потоа ја внесува во истата.

Овој отров не влијае толку силно врз човекот – убодот од полжавот би болел колку оној од оса.
Во последната студија, Мери и нејзиниот тим ја користеле состојката од отровот наречена конотоксин како молекуларна сонда – со исклучување на одредени рецептори во клетките, токсинот открил за што тие рецептори служеле, а тоа било промовирање на воспалителна реакција. Тоа значи дека таа би можела да се искористи за разни третмани за болести во кои таквите рецептори се имплицирани, вклучувајќи ги и разните врсти на канцер.





Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...