Подмладувањето со млада крв не ги даде посакуваните резултати

Резултатите од студијата која истражувала дали крвната плазма земена од крвта на млади луѓе може да ги излечи ефектите од Алцхајмеровата болест се пристигнати, но за жал не се премногу позитивни.

Се чини дека оваа техника нема толку голем потенцијал колку што многумина се надевале, а научниците кои стојат зад неа велат дека истражувањето е сè уште во почетната фаза.

За потребите на студијата, на група постари луѓе со Алцхајмерова болест секоја недела им биле давани инјекции со крвна плазма од луѓе помеѓу 18 и 25 годишна возраст. Иако биле забележани минимални подобрувања, ефектите од третманот не биле значително изразени.

Пациентите немале подобри перформанси на когнитивните тестови пред и по инјекциите, а имале подобрувања на нивната способност да извршуваат секојдневни задачи како подготовка на храна или патување.

Идејата за инјектирање плазма во борба против ефектите од стареењето доаѓа од концепт од 19-тиот век наречен парабиоза. Во најраните негови изведби, кожа од стари и млади глувци била сошивана заедно за да се овозможи циркулирање на крвта помеѓу двете животни.

Во поново време оваа техника била унапредена и со нејзина помош можеле да се ревитализираат црниот дроб, мозокот и мускулите кај постарите глувци, што иницирало потрага по молекулите заслужни за овие подобрувања.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...