Прва електронска паметна пилула одобрена од FDA

Во историски потег од FDA (Американската администрација за храна и лекови), првата дигитална пилула е одобрена за комерцијална употреба. Таа е дизајнирана да следи дали пациентите ги земаат препишаните лекови, а тие доброволно може да им дадат пристап на информациите собрани од сензорите на нивните доктори, членови на фамилијата или оние кои ги издржуваат.

Пилулата наречена Abilify MyCite додава малечок сензор - не поголем од зрно песок -  направен од силикон, бакар и магнезиум во таблета Abilify.Тоа е лек кој се користи за третирање на ментални пореметувања како шизофренија и биполарност, како и за депресија во конјукција со антидепресиви.

Сензорот се активира кога ќе дојде во контакт со стомачната киселина и почнува да испраќа сигнал кој го прима лепенка што пациентот ја носи на левата страна на градниот кош. Лепенката се конектира со смартфон апликација преку Bluetooth конекција, преку која што може да се пристапи на информациите добиени од сензорот.

Сензорот може да следи кога апчето е земено, неговата доза, како и мноштво други информации како нивото на активност, моделите на спиење и срцевите отчукувања.

Оваа технологија е сè уште во зачеток така што е потребно да се изрегулира нејзиното користење, бидејќи меѓу другото,  чувствителните медицински информации на луѓето ќе можат да паднат во раце на хакери.
 
Следењето на здравјето од внатрешноста на телото на пациентот може да создаде нови феноменални можности за медицински третмани, но и за злоупотреба од разни владини или  организации од „црниот пазар“.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Седат Буш и Пауел во кафич и прават муабет. Влегува човек во кафичот, ги гледа двајцава и не му се верува дека се таму. И приоѓа на маса и ги прашува:
- Абе, вие Буш и Пауел...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1533.- Роден е холандскиот државник Вилхелм I...
1731.- Умре англискиот писател Даниел Дефо, кој...
1815.- Роден е англискиот писател Ентони Тролоп...
1854.- Врховниот суд на САД донесе пресуда дека...