Отстранување хронична болка преку модификување мозочни кола

Научниците бараат нови начини за третирање на болка кои не вклучуваат опасни и високо зависни лекови како опиоидите, а сега некои истражувачи размислуваат за терапии преку модификување мозочни кола што како резултат го менуваат начинот на кој болката се искусува.

Мозокот има моќ да ја модулира болката. Така на пример, кога војниците во битка ќе се повредат, болката не ја чувствуваат веднаш, или поради адреналинот сметаат дека болката која ја чувствуваат е исклучително мала.

При студирањето како ова е возможно, истражувачите од универзитетот Браун откриле дека некои луѓе можат да научат како да ја филтрираат болката бидејќи постои координација помеѓу предниот дел од мозокот кој е регион од кој потекнува извршната контрола и сензорниот дел кој ги филтрира информациите од околината.

Тие тврдат дека учење на разни медитативни техники би можело на пациентите да им овозможи „премостување“ на болката и начинот на кој што нивните мозоци реагираат на неа.

Институтот Семел за неврологија и човечко однесување при UCLA е еден од неколкуте медицински центри кои користат транскраниална магнетна стимулација како третман за депресија – т.е „испукување“ на магнетни пулсеви директно во мозокот на пациентот.

Со оваа техника всушност се менуваат мозочните кола и начинот на кои тие меѓусебно комуницираат.

Подобро разбирање на начинот на кој што мозокот функционира доведува до револуционерни откритија, а способноста да се „премостува“ информацијата врзана за болката во нашите мозоци би имала дефинитивни социјални придобивки.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...