Шизофренијата започнува за време на бременоста

Нова студија открила дека шизофренијата би можела да започне уште во првите 12 недели од бременоста, што значи дека евентуално би можела да се третира „ин утеро“, пред породувањето.

Со растење на „мини мозоци“ во лабораториски услови, научниците успеале да ги идентификуваат нарушувањата во матичните клетки кои ги опкружуваат коморите т.е шуплините во мозокот уште првите 2 недели од нивното создавање – еквивалент на првото тромесечје од бременоста.

Според тимот истражувачи, ова е огромен чекор напред во разбирањето на биолошкото потекло на ова мозочно пореметување кое прв пат било опишано во египетски медицински текст наречен „Еберс Папирус“ во 1550 п.н.е

Тие велат дека шизофренијата е погрешно окарактеризирана веќе 4000 години, а сега конечно имаме доказ дека таа резултира од фундаментална промена во формирањето и структурата на мозокот.

Тимот израснал церебрални органоиди – минијатурни органи слични на мозокот – користејќи репрограмирани кожни клетки од три личности со шизофренија и четворица без, кои биле контролна група.

Овие мини мозоци биле хранети со правилни хранливи состојки, киселини и гликоза, со чија помош израснале и креирале невроектодерм – ткиво кое се формира во нашите мозоци, а потоа и мозочни комори, кортекс, и регион сличен на мозочното стебло.

Како што мозоците добивале форма, научниците забележале абнормалности во органоидите развиени од пациенти со шизофренија – нервните прогениторни клетки кои формираат неврони не биле правилно дистрибуирани, а многу малку зрели неврони завршиле во кортексот (кората на мозокот).

Сега кога знаеме што е причината, следен чекор е да се изнајдат начини за третирање на шизофренијата, па така на трудниците кај кои би бил идентификуван ризик од шизофренија би можеле да им се даваат лекови или суплементи.

Симптомите на оваа болест обично се појавуваат во адолесценцијата, а од неа патат повеќе од 21 милиони луѓе низ светот.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Седат Буш и Пауел во кафич и прават муабет. Влегува човек во кафичот, ги гледа двајцава и не му се верува дека се таму. И приоѓа на маса и ги прашува:
- Абе, вие Буш и Пауел...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1533.- Роден е холандскиот државник Вилхелм I...
1731.- Умре англискиот писател Даниел Дефо, кој...
1815.- Роден е англискиот писател Ентони Тролоп...
1854.- Врховниот суд на САД донесе пресуда дека...