Нова терапија со гени ќе се тестира врз луѓе следната година

Според центрите за контрола и превенција на болестите, скоро 6 милиони луѓе во САД живеат со срцева слабост, од кои половината од нив се очекува да умрат 5 години по нивната дијагноза.

Годинава, Англија имплементирала нова програма која користи срца од донори за помош на оние кои боледуваат од срцева слабост, а во октомври беше објавена веста дека научници успеале да ја излечат оваа состојба кај глувците.

Во 2018 ќе започнат првите човечки тестови за нов третман на биотехнолошката компанија Celladon кој првпат неуспешно бил тестиран во 2015, а денес е усовршен и вклучува терапија со гени која успешно била тестирана врз свињи.

Тимот истражувачи од оваа компанија третирале 13 свињи со тешка срцева слабост: на 6 им била дадена терапијата со гени, додека останатите 7 добиле плацебо лек. Оние кои го добиле вистинскиот лек имале намалена срцева слабост за 25% во левата комора, и 20% во левиот атриум – овие локации се важни бидејќи повеќето луѓе кои го имаат ова заболување имаат проблеми со левата срцева комора.

Срцата на свињите исто така се намалиле за 10%, како резултат на терапијата која во телото внесува ген кој го контролира протеинот фосфатаза-1. Кај пациентите со срцева слабост, овој протеин го има во големи количини, што ги отежнува контракциите на срцето.

Крајната цел доколку тестирањето врз луѓето се покаже подеднакво успешно е да се создаде третман за напредната срцева слабост кој би ја лечел со само една инјекција.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...