Простетика контролирана со мисли го враќа чувството за допир

Истражувачи од универзитетот во Јута развиле роботска рака контролирана со мисли која може да симулира 100 уникатни чувства на допир во мозокот на корисникот.

Раката наречена LUKE била финансирана од DARPA, а името го добила според простетичката рака на Лук Скајвокер од Star Wars филмовите.

Раката се имплантира во резидуалните нерви на пациентот, со електроди имплантирани во мускулите кои креираат проток на информации кои се претвораат во сигнали кои мозокот ги препознава како чувство за допир.

Според Џејкоб Џорџ, еден од истражувачите кои работеле на проектот, луѓето често го сметаат допирот за единечно чувство, но тој е поделен во повеќе чувства како оние за притисок, вибрација, температура, болка итн.

Високата резолуција на уредот дозволува активирање на овие под-класи на допирот во изолација (на пр., притисок без вибрација или болка) во специфичен дел од шаката, што му овозможува на корисникот да поврати барем дел од чувствата кои ги има изгубено.

Процесот за спремање на раката за користење во моментов е напорна – тимот мора да ја мапира секоја од 192-те електроди со нервниот систем на секој пациент за да секоја сензација одговара со вистинскиот стимул. Така, доколку врз одреден реон се направи притисок (како на врвот на палецот), корисникот го чувствува тој притисок на палецот на простетичката шака, наместо на друга област.

Тимот од Јута го тестирал овој нов уред врз 7 партиципанти, кои биле одушевени од резултатите. Сега се работи на креирање на безжична верзија на оваа технологија во тек на наредната година, како и на подобрување на функционалноста.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...