Нов третман за справување со ќелавоста

Научници од Јужна Кореја создале третман против ќелавост,  кој не само што го спречува опаѓањето на косата, туку промовира раст на нови фоликули кај безвлакнестите глувци.

Воден од Чои Канг-Јеол од универзитетот Јонсеи, тимот истражувачи открил протеин одговорен за опаѓањето на косата во андрогеничната алопеција, најчестиот тип на губење на косата кај мажите и жените.

Се работи за протеинот CXXC5, кој функционира како негативен регулатор на Wnt/β-catenin патеката која е поврзана со регенерација на косата и заздравувањето на раните.

Кога тој се врзува со протеинот наречен „непромислен протеин“, се спречува развивање на фоликулите и повторно раснење на косата.

Новиот биоматеријал развиен од тимот влијае врз овој процес на сврзување и кога бил нанесен на кожата на ќелавите глувци, се развиле нови фоликули за 28 дена.

Растењето било поврзано со неогенеза индуцирана од рани – процес кога нови фоликули се развиваат во рани кои што заздравуваат, што било потврдено во студија од 2013 кога било заклучено дека третманот за андогеничната алопеција кај луѓето бил многу поефективен кога во процесот било вклучено дупчење на кожата со многу тенки игли.

Потребно ќе биде уште време и истражувања додека третманот стане комерцијално достапен, а моментално новата супстанца се тестира врз животни за да се провери дали е токсична, па потоа ќе следат тестирања и врз луѓето.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...