Вирус го напаѓа мозочниот канцер и го подобрува имунолошкиот систем

Студија која се обидувала да покаже дека вирусите можат да се испорачуваат до мозочните тумори докажала многу повеќе од тоа.

Не само што вирусот стигнал до неговата цел, туку и го стимулирал имунолошкиот систем на пациентот кој потоа почнал да го напаѓа туморот.

Предклинички експерименти врз глувци, по кои следеле тестирања врз 9 човечки пациенти, покажале дека вирус кој се наоѓа во природата нуди потенцијал за нов вид на терапија против канцери која може да се користи покрај други третмани.

Се работи за онколитичниот вирус кој и претходно има покажано потенцијал во третмани против канцер. Се вика цитопластичен ортореовирус тип 3, од семејството на реовируси, и претходно се покажало дека ги убива клетките на туморите, а ги остава живи здравите клетки.

Претходните експерименти го имале демонстрирано овој негов механизам на функционирање, но истражувачите од универзитетот во Лидс се први кои успешно го употребиле во борба против мозочни тумори, бидејќи до сега се сметало дека тој не може да ја премине бариерата помеѓу крвта и мозокот,

Покрај тоа што кај пациентите врз кои била тестирана терапијата туморот бил нападнат од самиот вирус, се зголемило и нивото на интерферони – протеини кои го активираат човечкиот имунолошки систем – и кои ги привлекувале белите крвни клетки до локацијата на туморот за да се борат против него.

Истражувачите се надеваат дека дополнителниот ефект кој вирусот го има врз подобрување на имунолошкиот одговор на телото ќе го зголеми бројот на канцерогени клетки кои се уништуваат со стандардните третмани, радиотерапијата и хемотерапијата.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...