Маж прогласен за мртов од 3 доктори се разбудил пред аутопсија

Авторитетите од шпански затвор се зачудени откога затвореник кој бил прогласен за мртов од 3 различни доктори се разбудил во мртовечницата, неколку часа пред закажаната аутопсија.

Гонзало Монтоја Хименес (29) бил пронајден навидум мртов во својата ќелија при утринската проверка и бил пренесен во болничката мртовечница во мртовечка вреќа кога патолозите слушнале нешто чудно – рчење кое доаѓало од вреќата.

Хименес отслужувал казна за кражба во затворот Астуриас во северозападна Шпанија кога бил пронајден без свест на столица во неговата ќелија, без знаци на насилство. Бидејќи не му биле пронајдени витални сигнали, докторите го прогласиле за мртов, за да еден час подоцна форензички доктор го испитал телото, се согласил со првичните заклучоци и издал трета потврда за смрт.

Кога лекарите го забележале рчењето тој веќе поминал прилично долго време во фрижидерот наменет за сочувување на телата, а кожата веќе му била маркирана во подготовките за аутопсијата.

Тој бил пренесен во друга болница за да се опорави од мистериозната епизода и сега се наоѓа во стабилна состојба, но на никого не му е јасно како можело да дојде до ваква забуна од 3 различни доктори.

Инаку, дента пред да биде пронајден „мртов“, тој се жалел дека се чувствува болно и имал знаци на цијаноза – виолетова нијанса на кожата предизвикана од слаба циркулација или недостаток на кислород.

Официјалните лица од болницата за шпанските медиуми изјавиле дека лажната смрт би можела да биде случај на каталепсија, кога телото е во состојба на транс или конвулзија, што резултира со губење на свеста и сензацијата, како и со физичка ригидност т.е вкочанување.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...