Тест на крв за детекција на 8 типови рак во најрана фаза

Истражувачи развиле тест на крв наречен CancerSEEK кој може да детектира присуство на 8 вообичаени канцери – на јајници, црн дроб, желудник, панкреас, езофагус, дебело црево, бели дробови, или дојка.

Tоа го прави преку детектирање на мали количини ДНК и протеини кои се испуштаат во крвотокот од канцерогените клетки.

Познат и како „течна биопсија“, овој тест е сосема различен од класичната биопсија каде за да се потврди дијагнозата потребно е да се земе примерок со игла од цврстото ткиво на туморот, што е многу по инвазивна метода.

CancerSEEK тестот овозможува рана дијагноза уште пред канцерот да се развие во многу поризична варијанта, што овозможува поголема шанса за успешно лекување, а крвта може да се анализира истовремено за повеќе видови канцери.

Како тој точно функционира? Често пати пред да предизвикаат било какви симптоми, дури и најмалите тумори почнуваат да ослободуваат мутирана ДНК и абнормални протеини во крвта кои се уникатни и содржат промени кои ги нема во нормалните клетки.

Овој нов тест е исклучително чувствителен и успешно детектира еден мутиран фрагмент на ДНК помеѓу 10 000 нормални фрагменти, буквално пронаоѓајќи ја „иглата во сеното“.

CancerSEEK бил тестиран врз 1000 луѓе со разни видови на канцери во рана фаза, кои ги открил во повеќе од 70% случаи.

Истражувањето било водено од тим истражувачи од универзитетот Џон Хопкинс, во соработка со австралиски научници од институтот Валтер и Елиза Хол.

Следно што следи се клинички испитувања низ болниците во САД, со цел тестот да биде одобрен од FDA за комерцијална употреба, а нивните резултати ќе бидат на располагање за 3 до 5 години.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...