Лек против рак топи маснотии во артериите

Научници од универзитетот Абердин тврдат дека лек кој се користи како третман за рак на дојка и дијабетес исто така може да ги топи маснотиите во артериите.

Во студија врз глувци, научниците откриле дека една доза од лекот Тродускумин ги елиминира ефектите на артеросклерозата, болест која предизвикува разни срцеви проблеми.

Сите ние имаме некој степен на артериосклероза, која може да предизвика срцеви и мозочни удари, а е огромен проблем кај луѓето кои имаат преголема телесна тежина или разни кардиоваскуларни пореметувања. Таа предизвикува таложење на маснотии во артериите кои со тек на времето се зголемуваат, сè додека артериите не станат претесни и протокот на крв низ нив е оневозможен.

Глувците кои биле третирани со единечна доза Тродускумин по одреден период имале помалку масни наслаги во артериите, а причината за тоа е што лекот го стопира ензимот PTP1B кој е поприсутен кај луѓето со преголема дебелина или дијабетес.

Било откриено и дека лекот го стимулира протеинот AMPK, кој ги намалува хроничните воспалувања и ги имитира ефектите предизвикани од физичката активност т.е вежбањето.

Истражувањата сега засега се направени само врз глувци, но научниците се надеваат дека наскоро ќе може да тестираат дали лекот го има истиот ефект и врз луѓето.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...