На повидок изработка на персонализирани вакцини против канцер

Секоја година светот инвестира милијарди долари во истражувањата поврзани со канцерот, но бидејќи канцерогените клетки се размножуваат брзо и неограничено, развивање на ефективни третмани за болеста е исклучително тешко.

Сега, една нова студија открива начин на кој би можеле да креираме вакцина против канцер, практично тренирајќи ги нашите тела да се борат против болеста пред таа воопшто да се развие.

Наместо генерализиран третман, истражувачите од школата за медицина при универзитетот Стенфорд предлагаат користење на индуцирани плурипотентни матични клетки (iPS) за тренирање на имунолошкиот систем да ги напаѓа туморите или да спречи нивно формирање.

iPS клетките можат да се претворат во многу различни видови клетки со што се совршена состојка во регенеративната медицина, а можат да се генерираат од возрасни матични клетки.

За потребите на нивната студија, истражувачите експериментирале со 4 групи на глувци, секоја од нив инјектирана со специфична вакцина која содржела модифицирани iPS клетки, еднаш неделно во период од еден месец. Првата група добила генетски еднакви iPS клетки кои биле озрачени за да го спречат растот на тератомите – вид на тумори кои содржат различни видови клетки, втората добила генерички имуно-стимулирачки агент, третта добила комбинација од првите две, додека четвртата група не добила ништо и служела како контролна група.

По 4 недели, истражувачите во глувците инјектирале клеточна линија на глувчешки рак на дојката, по што кај 7 од 10 глувци кои ја добиле комбинацијата од iPS клетки и имуно-стимулирачкиот агент туморите се намалиле. Два од нив комплетно ги отфрлиле клетките од туморот, прежувувајќи повеќе од една година по трансплантацијата.  Слични резултати биле добиени и кога глувците биле тестирани на меланом и тип на рак на белите дробови наречен мезотелиом.

Иако мора да се изведат уште многу истражувања (од кои првото ќе биде да се тестира методата врз човечките канцери во лабораториско опкружување), концептот е релативно едноставен – научниците би можеле да ви земат крв, да направат iPS клетки и потоа истите да ги инјектираат за превенција на некои видови канцер.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...