„Црево во чип“ помошна алатка во справување со болести како Кроновата

Пациентите со сериозни гастроинтестинални заболувања како Кроновата болест, улцеративен колитис или синдром на нервозно дебело црево, често пати треба да испробаат по неколку скапи третмани пред да го пронајдат оној кој функционира за нив. Ваквите лекови потоа знаат да предизвикаат болни несакани ефекти или да не се ефективни.

Сега се тестира нова алатка наречена „црево во чип“ која на пациентите би им ја заштедила сета оваа болка и трошоци.

Според студија на истражувачи од медицинскиот институт за регенеративна медицина во Бостон, клетки на цревната обвивка креирани од матични клетки на возрасни индивидуи може да се стават во чип и да ја емулираат состојбата на она што се случува внатре во телото на човекот.

Така, наместо тестирање на лекови врз пациенти, тие би можеле да се тестираат на ваквите чипови, заштитувајќи го пациентот од непотребното искусување на негативни несакани ефекти.

Не само што ваквото „црево во чип“ би им овозможило на истражувачите подобро тестирање на лекови, туку би им дало и повеќе контрола во студиите на овие клетки. Бидејќи тие се наоѓаат во контролирана околина, истражувачите полесно може да студираат каква интеракција тие имаат со имуните и крвните клетки и подобро да ја разберат нивната функција.

Дополнително, истите ќе им овозможат на докторите да ја студираат цревната обвивка на пациентот без потреба од инвазивни хируршки методи за земање на примерок, бидејќи ќе може да ја создадат од неговите матични клетки, и врз неа да тестираат потенцијални терапии.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...