Пилула за намалување на алергиската реакција на кикирики

Замислете постојано да мора да се грижите нешто што сте го изеле да не ви предизвика отекување на грлото при што нема да може да дишете или запирање на срцето.

Тоа е реалноста која луѓето со силна алергија на кикирики ја живеат секојдневно, бидејќи нивните тела лансираат неконтролирани имунолошки реакции на најмала трага на протеин од кикирики во организмот.

Компанијата Aimmune Therapeutics е моментално во 3-тата фаза на клиничкото тестирање на нивните капсули наречени AR101, кои содржат прочистен протеин од кикирики кој може да го истренира телото драстично да ја намали алергиската реакција.

Учесниците во ова тестирање сега засега безбедно можеле да толерираат и до 30 пати поголема доза од алергенот, во споредба со дозата пред да започне тестирањето.

Студијата вклучувала 496 деца на возраст од 4 до 17 години со алергии толку силни да не можеле да внесат повеќе од 30 милиграми протеин од кикирики во организмот без да искусат сериозно опасни ефекти. Колку за споредба, една кикирика содржи 250 до 350 милиграми од овој протеин.

На половина од децата дневно им биле давани AR101 пилули чија доза се зголемувала до 300 милиграми до 22-рата недела, а на која останале во наредните 6 месеци, додека другата половина земала плацебо пилули.

По околу 48 недели, 67.2% од децата кои земале AR101 можеле да толерираат единечни дози до 600 милиграми, или 1043 милиграми за 2.5 часа, а 50.3% од нив толерирале и до 1000 милиграми протеин од кикирики (2043 милиграми за 3 часа).

Моментално, тие продолжуваат да ги земаат пилулите со различни дози за да им се аклиматизира имунолошкиот систем, а доколку слични резултати се добијат и во идни студии (кои се планираат и врз возрасни), AR101 наскоро може да биде првиот одобрен лек за превенција на алергии.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...