Рекреирање слики од мозокот со EEG

Невролози од универзитетот од Торонто развиле нова метода за рекреирање слики перцепирани од човечкиот мозок базирана на електроенцефалографски (EEG) читања.

Кога нешто ќе видиме, нашиот мозок креира ментална перцепција која во суштина е ментален отпечаток на тоа што сме го виделе. Сега, научниците успеале да го видат овој отпечаток со помош на EEG.

Тест субјектите биле закачени на EEG машина и им биле презентирани неколку слики со ликови на нив. Потоа, тие биле дигитално рекреирани на начинот како биле перцепирани во умот на индивидуата користејќи техники за машинско учење за поклопување на нивната мозочна активност со одредени типови на фацијални карактеристики.

Претходно, истото било постигнато со податоци од скенови со функционална магнетна резонанца (fMRI), но користењето на EEG машини е далеку повеќе вообичаено, преносно и помалку скапо во споредба со fMRI. Ваквите машини исто така може да следат како сликата се развива во мозокот во период од неколку милисекунди, додека fMRI тоа го прават за неколку секунди.

Следен чекор ќе биде тестирање на овој процес со слики на кои не се прикажани само лица.

Ваквата техника за „читање на мислите“ би можела да им го промени животот на многумина, особено на оние кои не можат да зборуваат или имаат потешкотии во комуницирањето. Исто така би можела да овозможи создавање на јасна слика што некој сведок гледал и на што се сеќава во врска со некој настан, што значително би го олеснило начинот на кој се истражуваат криминалните случаи.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Седат Буш и Пауел во кафич и прават муабет. Влегува човек во кафичот, ги гледа двајцава и не му се верува дека се таму. И приоѓа на маса и ги прашува:
- Абе, вие Буш и Пауел...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1533.- Роден е холандскиот државник Вилхелм I...
1731.- Умре англискиот писател Даниел Дефо, кој...
1815.- Роден е англискиот писател Ентони Тролоп...
1854.- Врховниот суд на САД донесе пресуда дека...