Микроигли кои се раствораат во кожата за да испорачаат лекови

Тим истражувачи од универзитетот на Тексас создале безболна алтернатива на конвенционалните шприцеви.

Со оваа нова метода, лековите би се инјектирале во телото со помош на микроигли кои пациентите нема да можат ни да ги почувствуваат.

Тие би биле толку тенки што би се кршеле откога ќе навлезат во кожата, растворајќи се во неа и со тек на времето ослободувајќи ги лековите во нea. Иако овој систем нема да функционира за сите лекови, доколку тие имаат доволно малечки молекули би можеле да се испорачуваат со него.

Иглите се направени со користење на технологијата за 3D принтање наречена “моделирано таложење“, од полилактична киселина – обновнив, биоразградлив термопласитечн материјал кој е одобрен за употреба од администрацијата за храна и лекови на САД. За да се постигне посакуваната форма, иглите хемиски се гравираат по процесот на принтање со цел врвот да им е со ширина од 1 микрометар, па до 400-600 микрометри. За споредба, една човечка крвна клетка е широка околу 5 микрометри.

Единствена лоша страна на овој концепт е што обичните игли и шприцеви се многу евтини за произведување, додека микроиглите побаруваат скапа фотолитографска опрема. Сепак, тој факт најверојатно ќе се промени за неколку години бидејќи технологијата постојано напредува, а и доколку е општо прифатена ќе станува сè поевтина.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
На испит на Медицински факултет, професорот ја прашува студентката.
- Колку сперматозоиди има во тестисите на машки полов орган?
По кратко размислување...
- Пааа отприлика...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на културното наследство
1828.- Во Бордо умре Франциско Хосе де Гоја,...
1844.- Во Париз е роден Жак Анатол Франс Тибо,...
1859.- Умре францускиот историчар и политичар...