Нов револуционерен начин за подобрување на здравјето и начинот на исхрана

Последниве неколку години улогата на бактериите и останатите организми во стомакот биле фокус на оние кои создавале продукти за подобрување на здравјето.

Компаниите кои создаваат пробиотици со нивните продукти ветуваат подобрување на варењето и подобрување на расположението, меѓутоа сечиј стомак е различен. Она што ќе функционира кај една личност не значи дека ќе го има истиот ефект и врз друга, поради што е важно да се знае што точно му треба на стомакот.



Сега, нова компанија наречена Viome овозможува начин тоа да се дознае.

Viome е единствена компанија која користи РНА секвенцирање за анализирање на стомачниот микробиом – технологија која овозможува прецизна и персонализирана диета и нутристички препораки за подобрување на здравјето.

Потребно е да се испрати примерок од изметот до Viome користејќи едноставен домашен прибор кој од компанијата се испорачува до домот, кој потоа е анализиран од уред со вештачка интелигенција креиран од научници, лекари и нутриционисти.

Корисниците исто така прават и метаболички тестови и пополнуваат анкета во врска со нивните навики чии одговори ќе помогнат за создавање на програма за исхрана според нивните потреби.

Според креаторот и извршниот директор на Viome, многу компании користат ДНК секвенцирање за анализирање на стомакот, но тоа дава погрешни информации бидејќи РНК се креира само кога нешто е живо и се размножува, што е идеално за истражување на составот токму на живите микроорганизми во стомакот.

Откога сите тестови се завршени, Viome испорачува нутриционистички препораки за подобрување на целокупното здравје создадени стриктно за организмот на поединецот кој што го испратил и за неговите потреби – без разлика дали се работи за слабеење, подобрување на расположението или зголемување на енергијата.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...