Вијаграта значително го намалува ризикот од канцерогени заболувања

Научниците откриле нова употреба на лекот за еректична дисфункција – Вијаграта.

Според една нова студија, Вијаграта може значително да го намали ризикот за развивање на колоректален канцер. Истражувачи од универзитетот Августа тоа го забележале кога малечка доза им била додавана во водата на лабораториски глувци, чиј број на тумори се намалил за 50%.

Сега засега резултатите биле откриени само кај глувците, но следен чекор на истражувачкиот тим ќе биде да добие одобрување за тестови врз луѓе кај кои ризикот за развивање на колоректален канцер е голем – како оние чија фамилијарна историја имала полно случаи на ова заболување.

Колоректалниот канцер е третиот најзастапен канцер во светот и е дијагностициран повеќе од милион пати годишно, а кај 50 000 од заболените резултира со смрт.

Кај глувците било забележана редукција на полипите – абнормалното групирање на клетките на внатрешната постава на цревата – кои имаат тенденција да се претворат во тумори. Она што е исто така ветувачки е недостатокот на негативни несакани ефекти на лекот, особено кога е во мали дози.

Вијаграта се покажала ефективна за помагање на животните бидејќи исто така ја подобрува продукцијата на хемикалијата наречена цикличен GMP, која го промовира здравјето на поставата на цревата.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
-Изгледа твојата жена обожава да носи чудни шешири?
-Немам поим. Меѓутоа последен пат на шеширот имаше толку цвеќе што три погребни поворки ја следеа до дома
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1547.- Кнезот Иван Четврти, во историјата познат...
1581.- Англискиот парламент изгласа строги мерки...
1749.- Роден е италијанскиот писател Виторио...
1778.- Франција ја призна независноста на САД...