„Завој кој се вбризгува“ за запирање на внатрешно крварење

Научници создале „завој кој се вбризгува“ направен од вообичаени хранливи состојки и наночестички кој брзо го запира крвавењето и помага за побрзо зараснување на раните.

Кога некој е повреден, не значи дека крвари само од надвор – раните од куршуми и други повреди предизвикуваат и внатрешно крварење коа мора што побрзо да се спречи за да повредата нема фатални последици.

Тим биомедицински инженери од A&M универзитетот во Тексас го измислиле овој завој кој е направен од желатински агент добиен од алги и дводимензионални глинени наночестички, кои заедно формираат хидрогел –  желатинска супстанца која содржи многу вода и функционира одлично за лекување на рани.

Главната супстанца во овој хидрогел е k-carrageenan, добиена од црвени алги кои може да се јадат и се користат како агент за згрутчување во многу видови храна.

Во нивната претходна работа со желатински супстанци, истражувачите имале заклучено дека хидрогеловите можат да се зајакнат со наносиликати – малечки честички базирани на глина – кои ја подобруваат структурата на гелот формирајќи рамка и ефективно претворајќи го во „завој кој се инјектира“.

Кога го тестирале „завојот“ врз животни и клетки од човечко ткиво во лабораторија, тој за згрутчувал крвта за помалку од 3 минути, а било забележано и дека значително се подобрила регенерацијата на ткивото и заздравувањето на раните кај третираните примероци.

Најдобро од сè било што наночестичките кои биле искористени во хидрогелот би можеле и да испорачуваат лекови до раната, полека испуштајќи ги во телото по потреба.

Сега засега овој продукт не бил тестиран врз човечки рани, но доколку позитивно ги помине сите тестирања, прашање на време е кога докторите ќе можат да го додадат во својот арсенал.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...