Пронајден нов начин за справување со Алцхајмеровата болест

Научници од Калифорнија успешно промениле протеин асоциран со Алцхајмеровата болест во негова побезопасна форма, со што успешно ја избришале штетата направена врз мозочните клетки. Овој научен пробив е исклучително важен бидејќи истражувањето не било направено врз глувци туку врз човечки клетки.

Истражувачите од институтите Гледстон во Сан Франциско земале матични клетки од пациенти со Алцхајмерова болест кои имале две копии на apoE4 генот, како и матични клетки од здрави доброволци кои имале пар од apoE3 генот. Потоа од овие матични клетки биле креирани неурони или мозочни клетки преку чие студирање тимот успеал да ја идентификува причината зошто apoE4 го зголемува ризикот од Алцхајмерова болест. На пример, имање на еден apoE4 ген ја дуплира (или уште повеќе од тоа ја зголемува) шансата за развивање на болеста, а две копии на генот ја зголемува шансата за развивање на невродегенеративна болест на мозокот за 12 пати.

Сега знаеме дека причината за ова е тоа што apoE4 генот кој го креира apoE4 протеинот ја зголемува продукцијата на амилоидниот бета протеин, што ги изненадило истражувачите бидејќи кај тестирањата врз глувците тоа не било случај.

Зголемената продукција на амилоидниот бета протеин е важна бидејќи овие протеини можат да се згрутчат и да формираат плакети кои го попречуваат функционирањето на невроните и предизвикуваат симптоми асоцирани со Алцхајмеровата болест, како што се когнитивни проблеми.

Откога тимот истражувачи потврдил дека присуството на apoE4 ја промовира болеста, тие почнале да работат на начин тоа да го спречат, а тоа го постигнале со менување на неговата структура за да го направат безопасен. Ова ги избришало оштетувањата од болеста и помогнало за зголемување на шансите за преживување на мозочните клетки кај моделите со човечки клетки.

Секако, потребни ќе бидат уште многу понатамошни истражувања и тоа врз човечки пациенти, а истражувачите моментално работат на пронаоѓање на состојка која би можела да се користи на индустриско ниво за да воопшто бидат возможни тестирања врз луѓе



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Млада дама го прашува еден тукушто запознан господин:
- А вие како постанавте толку богат?
- Ах долга е тоа приказна! Почнав со еден шаблон јајца, купен од фарма, го продадов и...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1882.- Германскиот бактериолог Роберт Кох...
1905.- Во Велес е роден Стефан Гајдов,...
1972.- Во Москва е потпишан договор меѓу САД и...
1994.- Весникот на албански јазик "Флака е...