Следна еволуција на спортско мамење- менување на генетскиот год на спортистите

Многу спортисти кои користеле недозволени супстанци за подобрување на перформансите просперирале во кариерата, но и финансиски пред да бидат откриени и казнети. Лeнс Армстронг неколку пати го освои Tour de France, a Бен Џонсон освои златен олимписки медал во 100m спринт.

Меѓутоа, многу други се имаат извлечено бидејќи не биле откриени, а во не толку далечната иднина, спортистите би можеле да мамат на начини кои би биле потешки, ако не и невозможни за откривање.

Тоа би било наречено „генетски допинг“. Научниците моментално откриваат начини како буквално да се промени нашиот генетски код преку генетска модификација или уредување на гените, што значи дека утрешните спортисти би можеле синтетички да си ги подобруваат гените.

Како тоа би функционирало? На пример, научниците би можеле да создадат вирус кој во организмот би вметнувал ген кој го охрабрува телото да го создава протеинот еритропоетин (EPO) кој помага за испраќање на кислород во ткивата – што е причината спортистите да си вбризгуваат разни супстанци со години за да си ги подобрат перформансите.



Детектирање на инјектиран EPO е лесно, но детектирање на овој протеин кој телото сам го произвел би било многу тешко, иако возможно. За тоа да се случи, официјалните лица би требало да погледнат во дополнителни копии на генот во крвта или друг биолошки примерок од спортистот, но и да имаат увид како „оригиналниот“ негов генетски код изгледал пред модификувањето.

За разлика од генетската модификација која вклучува додавање на гени, уредувањето на гени се фокусира на гените кои организмот веќе ги има, што значи дека вака „подобрен„ спортист не би имал дополнителни гени кои официјалните лица би можеле да му ги пронајдат.

За да се соочат со овој потенцијален проблем, WADA (Светската анти-допинг агенција) размислуваат да побараат од сите олимписки спортисти да достават копии од целиот нивен генетски код, што би можело да претставува и нарушување на нивната приватност, особено што дел од нив се малолетни. Покрај тоа, генетската модификација во сите спортови на тој начин не би била спречена, бидејќи во тој случај би требало да ги имаме копиите од кодот на секој спортист (не само на оние кои би учествувале во олимпијадата).



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Жената оди на психијатар:
-Докторе, мојот маж полуде.
Не ми дозволува да правам палачинки!
-Тоа навистина е чудно. Јас на пример ги обожавам.
-Тогаш морате да ми дојдете на...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1902.- Во селото Мелница, мариовско, е роден...
1958.- Во Гостивар почна со редовно производство...
1979.- Се случи најтешката несреќа во историјата...
1997.- Кинотеката на Македонија е примена за...