Складирање на матични клетки за третирање на идни болести

Едно од решенијата за продолжување на животот се нашите сопствени матични клетки, чиј квалитет и број, за жал, се намалува како што старееме.

Секој третман поврзан со продолжувањето на животот или превенција на некоја болест најдобро би се извршил со користење на сопствени матични клетки од времето кога сме биле многу млади, а сега една компанија има план да нуди услуга токму за вакви намени.

Forever Labs е компанија која им помага на луѓето да најдат доктор кој од нивната коскена срж може да извади матични клетки кои би биле складирани во нивниот најдобар квалитет доколку му се потребни на пациентот подоцна во животот.

Процедурата трае само 15-тина минути и е релативно безболна, а има над 500 клинички тестови кои користеле вакви матични клетки за лечење или третирање на состојби како болести на срцето, мозочни удари, Алцхајмерова болест и сл., па дури и за лечење на алкохолизам кај лабораториските глувци.

Докторите од Forever Labs велат дека она што го прават е само замена на матичните клетки кои ги губиме со староста со помлади, што на телото ќе му овозможат да има помлада биологија – со која би се водел значително подолг и поздрав живот.

Секој оној чии матични клетки ќе бидат извадени и складирани во Forever Labs, ќе треба да им плаќа годишна надокнада за да му ги чуваат.

Никој навистина не знае кои сè болести може да се појават во наредните 5,10 или 20 години, но со истражувањата поврзани со матичните клетки постои голема шанса дел од нив да можат да бидат третирани токму со клетките – а колку тие се помлади, толку би биле и поефикасни во потенцијалните третмани



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...