Генетски модифицирана билка би можела да спаси милиони животи

Тим кинески научници креирале генетски модифицирана билка која може да создаде големи количини на клучна антималариска состојка, со која би се намалила цената и би се зголемило снабдувањето со многу потребните антималариски лекови во одредени делови од светот.

Артемисининот е потентна антималариска состојка која природно се создава во ароматичната билка Artemisia annua, позната и како сладок пелин.Оваа состојка се користи како главна во разни антималариски лекови како Artemether, Artesunate, Artemotil и Dihydroartemisinin. Меѓутоа, само мала количина од неа природно се наоѓа во билката, па така не е невообичаено да се јави недостаток од овие лекови во однос на нивната глобална побарувачка.

Научниците успеале да ги откријат гените одговорни за создавање на артемисининот, и ги модифицирале за билките да создаваат 3 пати повеќе артемисинин од нормалната количина.

Од маларија годишно заболуваат околу 216 милиони луѓе годишно, а таа предизвикува во просек 445 000 смртни случаи годишно. Предизвикана е од разни едноклеточни паразити од кои најзастапен е Plasmodium falciparum, пренесуван од комарците од родот анофели.

Бидејќи не е скапо да се генерираат билки кои би содржеле големи количини артемисинин, кинеските научници се надеваат дека веќе од следната година таквите ќе бидат растени во масивни количини.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1493.- На своето второ патување за Америка, на...
1600.- Роден е англискиот крал Чарлс I Стјуарт,...
1497.- Португалскиот морепловец Васко де Гама на...
1711.- Во селото Мишанинско, е роден Михаил...