„Двоен Тројански коњ“ – лек кој ги тера бактериите да се самоубијат

Бактериите доаѓаат во две категории базирани на структурата на нивните клеточни ѕидови, т.е надворешниот регион кој ја дава формата и интегритетот на клетката. Клеточните ѕидови на Грам-позитивните бактерии имаат мембрана опкружена со дебел слој шеќер и протеин, додека оние на Грам-негативните бактерии имаат мембрана опкружена со втора мембрана.

Видовите антибиотици кои можат да ги убијат Грам-позитивните бактерии се претежно неефективни против Грам-негативните, и обратно, а една од причините за тоа е клеточниот ѕид бидејќи антибиотикот може да пенетрира во еден вид ѕид, но не и во друг.

Пронаоѓањето на нови начини антибиотиците да се „протнат“ низ овие клеточни бариери е еден од начините со кои микробиолозите се борат против антибиотската резистентност.

Сега, истражувачите креирале синтетички „двоен Тројански коњ“, т.е лек кој може да ја прелаже бактеријата доброволно да го прифати (за неа) токсичниот антибиотик, предизвикувајќи таа буквално да се самоубие.



Како и сите клетки, на бактериите им се потребни хранливи состојки за да преживеат. До железните јони не е лесно да се дојде, но некои бактерии еволуирале елабориран механизам за да ги собираат – тие испуштаат специјални молекули на кои железото се закачува, кои потоа повторно си ги земаат и транспортираат назад преку специфични протеински канали.

Со „киднапирање“ на овој процес, молекулот кој собира железо може да биде претворен во смртоносен Тројански коњ.

Тоа се постигнува со ставање на антибиотик во таквиот молекул, креирајќи сидеромицин. Кога бактеријата ќе го внесе во неа (очекувајќи здрав железен јон), исто така прима и доза антибиотик.

Како што е и очекувано, некои бактерии имаат еволуирано одбранбени механизми против ваквите трикови, а еден од нив е уништување на антибиотикот преку специфичен ензим.

Затоа, научниците вметнале втор антибиотик во молекулот-Тројански коњ. Така, кога ензимот на бактериумот ќе го уништи првиот, не сакајќи го ослободува вториот за кој веќе нема одбрана.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...