Вакцина против антракс, чума и туларемија

Антраксот, чумата и туларемијата се три потентни агенси кои терористите би можеле да ги користат во напад и сите се исклучително смртоносни за луѓето. За нив нема лиценцирани вакцини освен една за антракс која има комплициран имунизациски распоред и силни несакани ефекти.

Сега, група истражувачи од UCLA можеби пронашле решение кое доколку се докаже безбедно и ефикасно кај луѓето, би можело да не заштити од сите три бактерии. Тимот користел молекуларен инженеринг за да развие вакцини кои би биле најпрактичната заштита од овие потенцијални терористички закани.

Вакцините инаку користат единечен вектор кој би заштитувал од сите три патогени, што ја елиминира потребата од повеќе вакцини со различен имунизациски распоред.

Како средство за испората истражувачите користеле ослабена верзија на нелиценцирана вакцина против туларемија која содржи ослабена жива нишка од организам сличен на оној кој ја предизвикува болеста. Оваа нелиценцирана вакцина е токсична за луѓето, а истражувачите од UCLA ја направиле безбедна и нетоксична со бришење на ген од оригиналната верзија.

Лабораториски глувци биле имунизирани со 3 вакцини, а 4 до 6 недели подоцна тие добиле смртоносни дози на бактериите на антракс, чума и туларемија преку вдишување - метода која терористите најверојатно би ја користеле во еден таков напад.

Вакцините кои биле добиени или преку инјекција или назално ги заштитиле глувците од сите три патогени. Следниот чекор ќе биде подобрување на вакцините и тестирање на нивната безбедност и ефикасност кај втор животински модел, а потоа и врз луѓе.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...