Наночестички со лекови против најопасниот вид мозочен канцер

Капсули направени од маст големи околу 100 нанометри би можеле да се користат дискретно да пренесуваат лекови низ еден од најсилните „гранични премини“ во организмот кои би го таргетирале глиобластомот – сериозно агресивен вид на мозочен канцер.



Досегашните резултати на истражувањата правени врз глувци се покажале како одлични и доколку сè е во најдобар ред, тие би можеле да овозможат создавање на третман за тумори кои вообичаено го одземаат животот на пациентот во првите 15 месеци од дијагнозата.

Истражувачи од MIT дизајнирале наночестички кои ефективно може да се движат од крвта на пациентот па во мозочното ткиво носејќи двоен товар хемикалии за напаѓање на туморот.

Внесување на било како лек во мозокот преку крвотокот е комплицирано поради ѕидот од тесно поврзани клетки кои тоа го спречуваат. Вообичаено, оваа бариера меѓу крвта и мозокот е добра бидејќи ги спречува бактериите и вирусите да навлезат во него, но за жал го спречува внесувањето на лекови.



Глиобластом мултиформа (GBM) е најопасната ,но и една од повообичаените форми на мозочен канцер која започнува како клетка наречена астроцит. Туморот е толку агресивен, што заболените од него имаат само 5% да се сè уште живи за 5 години по дијагнозата.

Добрата вест е што постојат начини за уништување на ваквите тумори – хемотерапискиот лек темозоломид ја уништува ДНК-то на туморните клетки, предизвикувајќи нивна смрт. Потоа, за да се спречи тие да се обноват, се внесува втор лек – инхибитор на бромодомаин кој ги саботира нивните механизми за репарација.

Сето ова го отежнува бариерата меѓу мозокот и крвта како и тоа што овие токсини не го ограничуваат своето дејствување само на туморните клетки, а за да овие проблеми се избегнат, научниците од MIT дизајнирале лек кој директно го таргетира туморот.

Наночестичките се липидни капсули со бромодомаин инхибиторот вметнат во нивната школка, со темозоломид во внатрешноста.

Со премачкување со еден вид на протеин кој се сврзува со железо (наречен трансферин) како и со хемикалијата полиетилен гликол, овие 140-нанометри широки честички поминуваат низ уникатните рецептори во бариерата помеѓу крвта и мозокот.

Откога ќе ја преминат, молекулите на трансферин се лепат за ним слични рецептори кои ги користат туморите, со што не влијаат на здравото мозочно ткиво.

Глувците со GBM на кои им биле давани дневни дози од наночестичките преживеалe двојно подолго отколку оние кои не добиле никаков третман, а покажале и помало оштетување на неканцерогените ткива во споредба со глувците кои добиле третман во конвенционална форма (со хемотерапија).

Бидејќи компонентите во наночестичките се веќе одобрени од FDA, се очекува тестирањето врз луѓе да биде одобрено во релативно скоро време.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Студенка по медицина полага
испит.
-Колешке,во тестисите на
мажите колкаво количество спер-
ма има?
По кратко размислување.
-Паа,голтка -голтка ипол!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на бабите, празник...
1472.- Роден е италијанскиот сликар Бартоломео...
1483.- Во Урбино е роден Рафаело Санти,...
1749.- Во Бомон ан Ож е роден Пјер Симон Лаплас,...