Идентификуван физичкиот извор на анксиозноста во мозокот

Скорешна студија која ги испитувала невролошките основи на анксиозноста во мозокот идентификувала „клетки на анксиозност“ лоцирани во хипокампусот (кој меѓу другото ги регулира хормоните и контролира емоциите), кои не само што го регулирале анксиозното однесување туку можеле да бидат контролирани со зрак светлина.



Ова откритие, демонстрирано со експерименти врз лабораториски глувци, би можело да претставува надеж за милионите луѓе кои имаат некое анксиозно растројство во вид на нови лекови кои би ги „замолчиле“ овие неврони кои ја контролираат анксиозноста.

Тимот истражувачи користел техника наречена сликање со калицум, со вметнување на минијатурни микроскопи во мозоците на глувците за со нив да ја снимаат активноста на клетките во хипокампусот додека тие се движеле низ нивните специјални лавиринти – бидејќи некои патишта во нив воделе до отворен простор и подигнати платформи, познати по тоа што предизвикуваат анксиозност кај глувците поради зголемената ранливост кон предатори.

Кога не биле заштитени со ѕидови, нешто се случувало во нивните мозоци – во делот на хипокампусот наречен вентрален ЦА1 (vCA1) се активирале клетки, и колку глувците станувале поанксиозни толку повеќе се зголемувала нервната активност на овие „клетки на анксиозност“.



Уште повозбудлив факт е дека научниците веќе откриле начин да ги контролираат користејќи техника наречена оптогенетика – со што истите биле „заќутувани“ откога биле изложени на светлина.

Со менување на нагодувањата на светлосниот зрак, тие можеле и да ја зголемат активноста на овие клетки.

Бидејќи слични регулациски процеси се случуваат и кај луѓето во ситуации кои ги прават да се чувствуваат ранливи, истражувачите претпоставуваат дека ваквите неврони можат да бидат дел и од човечката биологија.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Седат Буш и Пауел во кафич и прават муабет. Влегува човек во кафичот, ги гледа двајцава и не му се верува дека се таму. И приоѓа на маса и ги прашува:
- Абе, вие Буш и Пауел...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1533.- Роден е холандскиот државник Вилхелм I...
1731.- Умре англискиот писател Даниел Дефо, кој...
1815.- Роден е англискиот писател Ентони Тролоп...
1854.- Врховниот суд на САД донесе пресуда дека...