Успешно создадена 3D испринтана рожница

Техниката на 3D принтање наскоро на некои луѓе би им овозможила повторно да гледаат.

Научниците од Њукесл универзитетот развиле „био-мастило“ кое им овозможува успешно да испринтаат човечки рожници.

Рожницата е најиспакнатиот слој во предниот дел на окото, која доколку е оштетена од повреда или болест, предизвикува проблеми со видот па дури и слепило. Единствениот третман за нефункционирачка рожница е нејзино трансплатирање, но и покрај тоа што од оваа процедура потреба имаат 15 милиони луѓе, само 44 000 трансплантации се прават секоја година.

За да ја креираат 3D принтаната рожница, тимот истражувачи искомбинирале две хемикалии – алгинат и колаген – а потоа со не многу скап 3D принтер ја конструирале за помалку од 10 минути. Тие користеле скен од окото на личноста во која таа ќе биде вградена за да ги одредат димензиите, со што перфектно би се вклопила во однос на големината и формата на окото.



Откога била испринтана, во рамката од „био-мастилото“ биле вметнати матични клетки кои кога созреале ја создале самата рожница, додека останатите делови служеле само како поддршка на матичните клетки. 83% од кератоцитите (специфични видови на клетки на рожницата) биле сè уште живи по принтањето – резултат кој индицира дека ваквите рожници би можеле да ги заменат човечките.

Како и на сите други успешни експериментални процедури од овој вид и на оваа ќе и бидат потребни неколку години додека е расположива за сите.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...