Жена преживеала неизлечив рак на дојка со имунотерапија

Џуди Перкинс, 52-годишна жена од Флорида станала дел од историјата откога нејзиниот рак на дојка кој имал напредни метастази комплетно бил излечен користејќи вид на персонализирана имунотерапија за која претходно се сметало дека не функционира за нејзиниот вид на тумор.



Џуди веќе еднаш се опоравила од болеста која повторно се повратила уште поагресивно 10 години подоцна. Откога не реагирала на повеќе терапии, соочена со терминална дијагноза, се пријавила за тестирање на терапијата TIL  адаптирана за разни канцери.

Третманот се состоел од екстрахирање на имунолошки клетки, типично Т-клетки, од близината на или од самиот тумор на пациентот. Овие активирани клетки се обидуваат да ги идентификуваат и уништат канцерогените, но сами по себе не се ефективни против болеста.

Користејќи неколку методи на генетички и протеински анализи, докторите пронашле клетки кои самите се испрограмирале да ги препознаваат мутираните протеини создадени од канцерогените, а не и од здравите клетки. Со инфузија на голем број на вакви клетки назад во телото на пациентот претходно се имало покажано како ефикасно во третманите против одредени видови канцери, во кои не спаѓал и оној на Џуди.

Благодарејќи на скорешните усовршувања на ДНА и РНА секвенцирањето, станало полесно за истражувачите да го истражуваат целиот геном на туморните клетки и да ги најдат оние кои ги препознаваат тумор-специфичните протеини.



Во случајот на Џуди Перкинс позната како пациент бр. 4136, популацијата на Т-клетки кои го инфилтрирале туморот содржеле нишка која била реактивна само против 4 мутирани протеини создадени од канцерогените клетки на нејзиниот рак на дојка. Но покрај овие клетки, таа примила и уште еден имунотераписки лек, пембролизумаб, чија задача е запирање на протеин кој ги спречува одбрамбените механизми на телото да си го напаѓаат сопственото ткиво.

Четириесет и две недели по терапијата, нејзиниот канцер бил уништен и таа е ослободена од него веќе 3 години.

За жал, ваквата терапија сè уште не е за секојдневна употреба и не може да ги третира пациентите со одредени видови на канцер, но е одличен показател дека имунотерапијата ќе ја револуционизира борбата против оваа ужасна болест.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...