Апче за лечење на тип 2 дијабетес

Многумина сметаат дека тип 2 дијабетесот е неизлечив. За некои пациенти лечењето е возможно со гастричен бајпас (кратење на желудникот), хируршка процедура која помага за губење на тежината  што може и да спаси нечиј живот), намалување на крвниот притисок и сл.

Една студија покажала дека од 20 000 пациенти со гастричен бајпас, 84% биле целосно излечени од тип 2 дијабетесот.



Несаканите последици, пак, меѓу другото вклучуваат хернии, инфекции, згрутчување на крвта, чиреви, па дури и смрт.

Што ако пациентите со тип 2 дијабетес би можеле да ги имаат истите придобивки од оваа процедура, но без да отидат „под нож“ ?

Истражувачи од BWH (Brigham and Women’s Hospital) сметаат дека се на добар пат да направат лек кој ќе го постигне токму тоа.

Операцијата всушност ја намалува големината на желудникот преку блокирање на голем дел од него, а истото се прави и на тенкото црево. Таквиот желудник може да прими многу помала количина на храна, па така пациентите веќе не можат да јадат огромни порции. Дополнително, бидејќи храната веќе не патува низ целата должина на тенкото црево, телото не апсорбира многу хранливи состојки, што резултира со губење на тежината.



Луѓето со тип 2 дијабетес имаат високо ниво на шеќер во крв, на кое влијае и консумирањето на храната, па така губењето на тежината е еден од начините за третирање на оваа болест.

Гастричниот бајпас на BWH е алтернатива која може да функционира на сличен начин, а еве и како:

Користејќи веќе одобрен лек наречен сукралфат како база, тимот создал соединение наречена LuCI (Luminal Coating of the Intestine / луминална обвивка на цревата). Штом се внесе во организмот, соединението привремено ја покрива внатрешната обвивка на цревата, што го реплицира делот од операцијата каде цревото не е способно да апсорбира хранливи состојки.

За само еден час по внесувањето во телото, LuCi го намалило одговорот на организмот во регулирањето на глукозата по јадењето за 47%.

Научниците сметаат дека, на некој начин, развиле „операција во апче“, а нивниот следен план е LuCI да се тестира врз глувци со дијабетес и преголема тежина.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...