Лек за астма стар над 20 години излекувал оштетување од деменција

Научниците успеале да излечат дел од сериозното оштетување на мозокот од деменција кај глувците и тоа со изненадувачки стар лек кој се користи во терапиите против астма.

Ова откритие отвара пат за третмани за кои тимот истражувачи од Temple University во Филаделфија сметаат би можеле да ја повратат меморијата и просторното нарушување кај луѓето со пореметувања како Алцхајмеровата болест со ретроактивно третирање на таложењето на тау протеините пред тие воопшто да станат клучен фактор за деменција.

Лекот кој бил употребен е наречен зилеутон (или зифло) и се користи кај луѓето веќе 22 години.

Има уште многу работи кои не ги знаеме за болестите како Алцхајмеровата, но голем број докази укажуваат на тау протеините кои ги блокираат врските помеѓу невроните, а во процесот се вклучени и амилоидни прекурсор протеини.

Во најновата студија научниците ги таргетирале воспалителните молекули наречени леукотриени кои предизвикуваат оштетување на нервните клетки кога се развива деменција, со цел да го блокираат нивното формирање.

Во таа фаза, зилеутонот бил даден на една група на глувци модификувани да имаат здравствени проблеми слични на 60 годишни луѓе со деменција, додека на другата група и бил даден плацебо лек.



По 16 недели, глувците третирани со лекот покажале многу подобри резултати при тестовите во лавиринитете во споредба со втората група и имале 90% помалку леукотриени во нивните мозоци, како и 50% помалку грутки од тау протеини.

Синапсите на глувците на кои им бил даден зилеутон изгледале здрави како оние на нормалните глувци – како тој аспект на деменцијата комплетно да бил излечен.

Уште една причина за оптимизам е фактот што зилеутонот веќе е одобрен како безбеден лек (со одредени несакани ефекти), што би го олеснило процесот за одобрување на клиничко тестирање врз луѓе.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Студенка по медицина полага
испит.
-Колешке,во тестисите на
мажите колкаво количество спер-
ма има?
По кратко размислување.
-Паа,голтка -голтка ипол!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на бабите, празник...
1472.- Роден е италијанскиот сликар Бартоломео...
1483.- Во Урбино е роден Рафаело Санти,...
1749.- Во Бомон ан Ож е роден Пјер Симон Лаплас,...