Наскоро можна вакцина против сифилис

Тим истражувачи од универзитетот во Конектикат (Uconn) ги идентификувале протеините потребни за создавање вакцина која потенцијално би можела да и стави крај на сифилисот – една од најозогласените сексуално преносливи болести во историјата.

Со сифилис микробот се инфицирани околу 6 милиони луѓе годишно, но иако болеста се третира релативно лесно со антибиотици, за некои тој третман може да дојде предоцна.



Во САД, не само што бројот на инфицирани се зголемува, туку и шокантен број на спонтани абортуси и мртвороденчиња се предизвикани токму од оваа болест.

Бактеријата која ја предизвикува е позната повеќе од еден век, но самиот микроб е тежок за изучување. T. pallidium е исклучително чувствителен, и се распаѓа дури и при најмала провокација.

Тој исто така е и темпераментен, и ги избегнува повеќето напори да биде израснат во лабораториски услови. Најмногу што е постигнато при истражувањата е да се создаде инфекција на кожа или тестиси на зајак, која за негова среќа не трае многу долго.

Вакцините инаку функционираат така што на имунолошкиот систем му ги покажуваат комплексните молекули надвор од патогенот, за да го припремат системот за инвазија. Но, доколку не знаеме кои протеини каде одат, не постои начин да се создаде ефективна вакцина.

Гените на Treponema pallidum, доколку бидат правилно интерпретирани, би можеле да ја овозможат вакцината.

Со компарација на геномите од Т.pallidium нишки собрани од неколку градови низ светот, микробиолозите од Uconn увиделе дека тие се исклучително слични и дека мутираат со цел да избегнат да бидат детектирани од имунолошкиот систем.

Така, овие ново откриени варијабилни гени ги посочувале важните површински протеини.

Тимот истражувачи ги превел овие ДНК секвенци во ленти од амин киселини користејќи компјутерски симулации, со што биле создадени карактеристични протеини во форма на буре слични на површинските молекули пронајдени и на други бактерии,

За жал, ваквите протеини не се постојани бидејќи порано или подоцна, нишка од T.pallidium ќе се појави со нов ДНК код и потрагата по нив ќе мора да се започне одново.

Тимот сега планира да ги тестира овие протеини како антигени во вакцина, која со тек на време би се усовршувала со што би се развила можноста за искоренување и на оваа болест од лицето на земјата.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...