Нов експеримент се доближува до откривање на потеклото на свеста

Невролози успеале да одредат секвенца на акции во мозочните клетки поврзани со искуството на перцепција – со тоа доближувајќи се поблиску до откривање на изворот на свеста во нашиот мозок.

Истражувачи од универзитетот Тел Авив ја идентификувале ова патека на активност која игра улога во конвертирање на стимулот во слика која може да ја видиме во умот со помош на дијагностички сонди имплантирани во мозокот на пациенти со епилепсија.



Човечката свеста е сè уште дел од научните мистерии – компјутерите и роботите имаат интеракција со светот без да се свесни, но нешто чудесно се случува во нашите мозоци што не прави свесни, искусувајќи го светот од субјективна перспектива.

Досега се направени многу експерименти, во главно користејќи ја магнетната резонанца за детално скенирање на мозокот, што ни помогнало да ги идентификуваме деловите на мозокот одговорни за трансформирање на визуелниот стимулус во лично искуство. Но, тоа не ни помогнало да ги разбереме деталните пресметки кои се одвиваат во мозокот и кои се вклучени во тој процес.

За да тоа се направи, потребни се алатки кои можат да го следат „сообраќајот“ внатре во мозокот – што значи вметнување на чувствителна сонда во него.

Пациентите со епилепсија некогаш имаат интракранијални електроди имплантирани за да им се мерат епилептичните напади, а овој пат истражувачите побарале нивна дозвола дали смеат да направат експеримент со нив.



За потребите на оваа студија, 9 такви пациенти се согласиле да гледаат во разни слики додека тимот научници им ја снимал активноста на мозокот со сондите.

Во над 20 сесии, доброволците гледале во пар слики, секоја позиционирана пред едно од очите. Бидејќи секое око можело да гледа само во една слика, нивните мозоци не можеле да ги замаглат и да ги спојат во една слика.

Наместо тоа, мозокот бил приморан да одбере една слика, во процес наречен бинокуларно ривалство. Во меѓувреме, светлината од двете слики постојано го стимулирала визуелниот кортекс.

Овие два процеса – визуелната стимулација и „гледањето„ – често пати е тешко да се издвојат. Но, овој експеримент успеал да ги издвои и детално да им го измери тајмингот.

Од пациентите било побарано да ги известат истражувачите во моментот кога станале свесни за постоењето на било која од сликите, што покажало дека прецизна област во медијалниот фронтален лобус од мозокот се активира цели 2 секунди пред субјектот да ја „види“ сликата во неговата глава. Втората зона се активирала 1 секунда подоцна, во медијалниот-темпорален лобус.

Научниците веруваат дека активноста на овие неврони не само што е во корелација со перцепцијата, туку и е дел од процесот што води до појава на свесна перцепција.

Не се знае дали ваквите истражувања би можеле да ни помогнат да креираме самосвесни компјутери во иднината, а истите го поттикнуваат прашањето дали свеста е когнитивна алатка која сме еволуирале да ја користиме, или едноставно некој несакан ефект од други процеси кои се одвиваат во мозокот.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...