Мозокот може да е свесен дури и под целосна анестезија

Нова студија покажува дека кога се работи за целосна анестезија, нашите мозоци може да бидат делумно свесни, слично на состојбата на спиењето.

Студијата вели дека некои делови на мозокот не се ни приближно „исклучени“ и се способни за процесирање сензации од нивната околина, дури и доколку пациентот на нив не се сеќава по будењето.

Истражувачи од универзитетот на Турку, Финска, ги споредиле невролошките ефекти на неколку лекови кои вообичаено се користат при анестезијата, со цел да одредат дали недостатокот на реакциите на организмот е поради директното влијание од лековите или за тоа постои некој друг ефект.

Доколку се работи за таков ефект, тоа значи дека анестезијата само активира промена на состојбата на свеста, а не ја исклучува свеста целосно, оставајќи некои свесни процеси да работат и кога сме под анестезија.

Снимањето на алфа, бета и бавните или делта бранови се користи за идентификување кога мозокот е буден, а кога спие.

Брзите бета бранови се „будните“ бранови кои се активираат кога сме стимулирани, додека алфа брановите покажуваат каква свесна активност имаме кога сме релаксирани. Делта брановите се бавните бранови за време на длабокиот сон.

За потребите на оваа студија, 47 здрави доброволци биле дозирани или со седативот дексметедетомидин или генералниот анестетик пропофол, а потоа нивните мозочни бранови биле снимани.

Пред потполно да потпаднат под ефектите на анестезијата, половина од субјектите кои добиле дексметедетомидин можеле да бидат разбудени со дрмање или викање, исто како и 42% од оние кои добиле propofol.



Нивните EEG снимки покажале зголемување на алфа и делта брановите, сугерирајќи будење од длабокиот сон и зголемување на рефлективната свесност.

Подоцна и двете групи се сеќавале на овој настан (т.е на будењето), иако не премногу јасно, а според нивните изјави тоа искуство било слично на сон помешан со реалност.

На групата со седативот биле пуштани снимки од реченици кои завршувале неочекувано, како на пример “ноќното небо е покриено со трепкачки домати“ како и сосема нормални реченици, а EEG снимките покажале дека дури и оние кои биле длабоко под дејство на седативи сè уште можеле да ги слушнат збунувачките реченици и се обудувале да им ја пронајдат смислата – иако подоцна не се ни сеќавале дека воопшто ги слушнале.

Оние на пропофол, пак, воопшто не ни пробале да ги интерпретираат чудните реченици, бидејќи нивните мозочни бранови покажувале дека се под континуиран сон.

Но, кога и на двете групи им биле пуштени непријатни звуци, се чинело дека тие обрнувале внимание на нив. Откога се разбудиле, мозоците на двете групи реагирале значително побрзо на истиот звук, како да биле „истренирани“ да го препознаат.

Со други зборови, мозокот може да процесира звуци и зборови дури и кога субјектот не се сеќава на тоа. Заклучокот е дека анестезијата не ги исклучува целосно деловите од мозокот, туку ги спречува слободно да комуницираат едни со други.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...